Бизарно: Историскиот меч беше во прекин седум минути и тоа поради глушец (Видео)

Ванкувер на свој терен убедливо со 5:1 го победија тимот на Остин во меч од американската МЛС. Покрај шесте погодоци, овој дуел ќе се памти и поради неочекуваниот инцидент поради кој играта беше во прекин дури седум минути.

Фудбалерите на Остин се подготвуваа да изведат корнер, кога судијата ја сопре играта, откако забележа дека на теренот се појави глушец. Дури седум минути траеше „потерата“ да се избрка глушецот од теренот, а на крајот голманот на Остин користејќи го ракавиците, успеа да го фати глушецот и да го отстрани од теренот.

Инаку на овој меч, фудбалерот на Ванкувер Брајан Вајт постигна четири гола и стана првиот фудбалер на тим од Канада што дал четири погодоци на еден дуел од МЛС.

- Оглас -

Најнови вести