19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Бизарно: меч во Англија прекинат од фанови кои на терен влетаа со погребални возила (Видео)

Постојат разни причини поради кои се прекинувале фудбалски натпревари, но ова што се случи на дуелот на нисколигашите Данстон и Гејтсхед, ги надминува границите на нормалното.

Средбата не е прекината поради лош терен, елементарна непогода, дрон или слично, туку поради тоа што на полувремето, на терен се најдоа две возила од кои едното погребално, а другото за превоз на мртовци.

Погребното возило кружеше по терен, а поста застана на центарот на игралиштето. Од него излегоа маскирани лица кои потоа се префрлија во другото возила и побегнаа. Не се знае каква порака сакаа да испратат со овој бизарен гест.

- Оглас -

Најнови вести