Во поголем дел од фудбалска Европа, навивачите добиваат забрана за пристап на трибините поради хулиганизам, расистички напади или влегување на терен, а Тотенхем има сосеба друг вид на мака со фановите. Лондонскиот тим неодамна го пушти во употреба новиот стадион кој е ултрамодерен, а неговата изградба вредеше една милијарди фунти.
И покрај тоа што се очекуваше се да биде беспрекорно, уште на самиот почеток се појавија проблеми. Неколку навивачи на Тотенхем беа избркани од стадионот поради тоа што стоеле. Навивачите веќа нема да имаат влез на стадионот, откако ни по предупредувањата дека треба да седат, а не да стојат, тие продолжиле во свој стил.
„Многу е важно да може сите навивачи кои се дојдени на стадионот да може да уживаат во фудбалот. Тие навивачи стануваа постојано кога се случува интересна ситуација на теренот и на тој начин попречуваа останатите да видат што се случува на теренот. Тие навивачи не ги почитуваа правилата и затоа се исфрлени“, стои во објаснувањето од Тотенхем.
Тотенхем денеска од 13:30 часот на својот нов стадион игра против Хадерсфилд, а сигурно на трибините нема да бидат непослушните фанови.