Тотенхем загуби на домашен терен од Манчестер сити со 0-2 и ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите, но за нивните навивачи тоа не беше најважно на вчерашниот натпревар. Граѓаните водат борба со Арсенал за титулата, омразениот ривал на навивачите на Тотенхем. Тие пред мечот најавуваа дека ќе навиваат за Манчестер сити на овој натпревар само нивниот ривал да не дојде до трофејот.
Многумина мислеа дека се само празни закани, но тие се остварија. Навивачите пееја „станете ако го мразите Арсенал“ и таа песна постојано се слушаше од трибините, а дел од нив и навистина се радуваа на головите на Манчестер сити.
https://twitter.com/TheEuropeanLad/status/1790476306729099517?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1790476306729099517%7Ctwgr%5E5f806eac226a11f1d12a61f80e0671ab6ac48549%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fnavijaci-tottenham-slavlje-gol-city-izbacivanje%2F474522
Сепак, обезбедувањето на мечот веднаш реагираше и ги исфрлаше од трибините навивачите на Тотенхем кои се радуваат на противничките погодоци.
Fans Tottenham tirukan selebrasi Fans Man City "Poznan Dance" pic.twitter.com/4xWI8KlaXj
— Siaran Bola Live (@SiaranBolaLive) May 15, 2024
Two people who celebrated City’s goal wearing (old, blue) Spurs shirts in the home end are eventually ejected after other fans (one in particular) gets involved. pic.twitter.com/LqSIcfHFQx
— James Olley (@JamesOlley) May 14, 2024