Бизарно: НФЛ играч во дворот нареди гробови со имиња на ривалски квотербекови (Фото)

Играчот на НФЛ тимот Кливленд браунс, Мајлс Герет, во чест на Ноќта на вештерките, во својот двор нареди два големи костури, и околиу нив надгробни споменици со презимиња на противнички квотербекови на кои Герет сезонава им има пресечено додавање.

Герет својот двор со декорираше со „гробови“ на Ламар Џексон, Џо Бароу, Џастин Филдс, Кајлер Мареј, Мек Џонс и славниот Бен Ротлисбергер.

Некои Американци навистина претеруваат во обидот да бидат оригинални за Ноќта на вештерките, а овој НФЛ играч има и чудна смисла за хумор. Интересно е што утре Кливленд игра со Аризона кардиналс, па Герет ќе има дуел со квотербекот Мареј.

- Оглас -

Најнови вести