Бизарно: Се изглупира, ќе си извадеше око и мораше да го предаде мечот (Видео)

Еден од најбизарните тениски моменти во 2022 година се случи на турнирот во Акапулко, а Џон Милман на чуден начин се повреди и потоа мораше да го предаде мечот на Маркос Џирон.

Австралиецот се обиде со финта да го смири топчето со рекетот, но тоа отскокна и го погоди директно во окото.

https://twitter.com/TheFirstServeAU/status/1496336593246101506?s=20&t=e45qboaTNQKUTt565H66iw

Милман мораше да го предаде мечот при негатива од 0:1 во сетови и 0:2 во гемови во вториот сет.

Потоа успеа и да се пошегува на социјалните мрежи со фотографија на која објави како изгледа по повредата на окото.

 

 

- Оглас -

Најнови вести