Бизарно: Тренерот беше удрен со шише, а веднаш потоа доби црвен картон (Видео)

Кајсериспор со 2:1 загуби на гостувањето кај Самсунспор во меч од последното коло од турското фудбалско првенство. Гостите водеа со 1:0, но Самсунспор во неевројатен финиш со голови постигнати во 90+5 и 90+8 минута направија пресврт и стигнаа до победа од 2:1.

Со овој триумф Самсунспор го задржа третото место на табелата, а Кајсериспор остана на средината од табелата.

Освен неверојатниот финиш на домаќините, овој меч ќе се памти и по бизарниот црвен картон што го доби тренерот на гостите Сергеј Јакировиќ. Хрватскиот стратег беше удрен со шише со вода во грбот, а тој само се сврте кон публиката и саркастично им аплаудираше на оние кои правеа испади.

Главниот судија процени дека тренерот прави провокација кон гледачите и му даде жолт картон, што беше втор за него на средбата и автоматски доби црвен картон па мораше да ја напушти клупата.

- Оглас -

Најнови вести