Претседателот на Фенербахче Али Коч откри бизарен момент пред дербито со Бешикташ во режија на дел од тренерите на клубот.
Дербито заврши нерешено, 1:1, а Коку го преживеа притисокот да биде сменет, но имало пеколен план за него.
„Ги прашав тренерите зошто има црвен тепих во нашата соблекувална пред дербито со Бешикташ. Одговорот беше бизарен. Еден од тренерите ми рече дека ќе загубиме од Бешикташ и потоа ќе го замотаме Коку во тепихот“, вели Коч.
Коку иако е под голем притисок и резултатите на Фенербахче се променливи се уште е тренер на клубот, а ова е една од најбизарните случки во светот на фудбалот.
Коч е многу почитуван од навивачите на Фенербахче, засега му дава поддршка на Холанѓанецот, иако се шпекулира дека Арсен Венгер е можен наследник на Коку.
За Фенер игра нашиот репрезентативец Елиф Елмас.