Бизарно збогување: Против Салернитана го одигра првиот и последниот натпревар, иако во Милан беше шест години

Дуелот на Милан против Салернитана на „Сан Сиро“ беше последен за тренерот Стефано Пиоли, но и за Оливие Жиру, Симон Кјаер и Антонио Миранте. Сепак, најбизарно беше збогувањето на Матиа Калдара, фудбалер кој синоќа дебитираше за Милан во Серија А, а воедно го одигра и последниот меч за екипата од „Сан Сиро“.

Калдара во Милан пристигна во 2018-тата од Јувентус, годината кога ги забележа и единствените два настапи за репрезентацијата на Италија. Очекувањата беа дека тој ќе биде столбот на одбраната на Милан, но многуте повреди го спречија во тоа, па беше испраќан на позајмици во Атаналта, Венеција и Специја. За Милан одигра само два натпревари, но во Купот и во Лигата на Европа, а синоќа го одигра првиот и последниот натпревар во Серија А.

Неговиот договор истекува на летово, па тој ќе биде слободен да бара нова средина.

- Оглас -

Најнови вести