Американскиот бизнисмен Џим Мекингвејл, кој е сопственик на ланец продавници за душеци, се обложи дека Хјустон астрос ќе биде шампион на МЛБ-лигата во бејзбол и загуби многу пари бидејќи титулата ја освои Вашингтон нешенелс, кој големото финале го доби со 4-3 во победи.
„Да треба повторно да се обложам, повторно би го направил истото“, вели Џим, кој чекаше добивка од речиси 22 милиони долари откако се обложил на почетокот на месецов.
Ако Хјустон станеше првак, Мекингвејл ќе заработеше над 20 милиони долари, а парите ќе ги подигнеше во три различни сојузни држави во САД. Уплатата му била вкупно 12 милиони долари, кои со поразот отидоа „во ветер“. Најголемата поединечна уплата на еден тикет му била 3,5 милиони, што е рекорд за сојузната држава Мисисипи.