21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Бизнисот на Роналдо погоден од корона-кризата

Светската финансиска криза предизвикана од пандемијата со корона-вирусот, го погоди угостителскиот бизнис на Кристијано Роналдо. Неговиот ланец хотели во Португалија е пред затворање, откако посетеноста значително опаднала изминативе месеци.

Хотелот „Пестана ЦР7“ кој се наоѓа во родниот град на Роналдо Мадеира, веќе неколку месеци е затворен, а клуч на бравата им следува и на останатите хотели низ Португалија.

Поради кризата неуспешно поминаа и обидите да се одржи бизнисот во живот, така што цените за сместување драстично се намалија од 150 на 70 евра за ноќевање, но и големиот попуст тоа не привлече гости. Во меѓувреме Роналдо беше приморан да го намали бројот  на вработени, но и тоа не помогна да опстои бизнисот.

Како и да е, Роналдо нема потполно да се тргне од угостителскиот бизнис, бидејќи планира ланец хотели надвор од Португалија. Наводно ќе отвора хотели во Манчестер и Мадрид, на атрактивни локации кои ќе привлекуваат посетители.

- Оглас -

Најнови вести