Наполи утре игра историски меч против Милан, клубот од Неапол има прилика за првпат во својата историја да влезе меѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите, а првиот човек на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис, нема да биде на стадион.
Наместо во живо, АДЛ средбата ќе ја следи далеку од Неапол, во САД, каде е на службено патување.
Ова ќе биде само повод повеќе за фановите на Наполи да го критикуваат претседателот кој на мечот со Милан имаше полициско обезбедување. Несогласувањата на релација навивачи-претседател се поради политиката за скапи билети за влез на стадион.