Бјанконерите конечно на број: Пристигна и Игуаин

Јувентус во изминатите денови имаше проблеми со неколку странци кои одбиваа да се вратат во Торино во пресрет на стартот на подготовките пред да продолжи сезоната во Серија А. Сега сите се на број откако и Гонзало Игуаин денеска е забележан на аеродромот во италијанскиот град.

Аргентинецот не сакаше да се врати со цел да биде покрај мајка му, која е тешко болна, но по сите изгледи, попушти и се јави на клупските должности. Според протоколот, Игуаин треба да помине низа тестирања, а потоа да помине уште 14 дена во карантин.

Игуаин го очекува турбулентен период во редовите на Бјанконерите бидејќи ќе мора да одлучува за иднината. Неговиот договор истекува во 2021 година и најавите се дека уште во следниот преоден рок ќе ја менува средината.

- Оглас -

Најнови вести