Бјелица е минато, Адеми добива нов тренер во Динамо

Управата на Динамо Загреб му врачи отказ на тренерот Ненад Бјелица, пренесуваат хрватските медиуми. Тоа значи дека македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ќе добие нов тренер во најскоро време, а според информациите, се работи за анонимецот Игор Јовичевиќ.

За прекинувањето на соработката меѓу Модрите и Бјелица најверојатно е несогласувањето околу намалувањето на платите со цел клубот да одржи финансиска стабилност додека трае пандемијата со Коронавирусот. Пред извесно време целиот стручен штаб беше отпуштен поради неприфаќањето да им се намалат платите, па и тренерот кој им донесе доста успеси во изминатиов период го снајде тоа.

Бјелица ја презеде клупата на Динамо во мај 2018 година, а посебен впечаток остави со пласманот во осминафиналето во Лигата на Европа, како и во групната фаза во Лигата на шампионите оваа сезона, односно убедливиот триумф против Аталанта од 4-0.

Замената за Бјелица, Игор Јовичевиќ досега ги водел Карпати и Целје од Украина, а работел и во младинските категории на хрватскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести