Динамо Загреб покажува интерес за македонскиот репрезентативец Енис Барди, потврдуваат и хрватските медиуми. Барди сѐ уште е играч на турскиот Трабзонспор, каде што веќе соработуваше со тренерот Ненад Бјелица. Сепак, турскиот клуб веќе не смета на него, а оваа сезона има одиграно само осум натпревари и забележа една асистенција.
Договорот на Барди со Трабзонспор истекува на крајот од оваа сезона, што би можело значително да го олесни трансферот во Динамо. Според информациите, Трабзонспор е подготвен да го пушти без обесштетување.
Најсериозен интерес за Барди досега покажува Хатајспор, но се очекува преговорите со Динамо да се интензивираат и тој да се пресели на „Максимир“ веќе во јануари.