Македонскиот репрезентативен фудбалер Аријан Адеми од пред три месеци игра во кинеската лига, но би можело да се врати во Европа, и тоа во турскиот Трабзонспор, клуб во кој сезонава играше Енис Барди.
Интересот на Трабзон на Адеми е од тренерот Ненад Бјелица, кој од 2018 до 2020 година му беше тренер на Аријан во Динамо Загреб.
Има две пречки за реализација на овој трансфер, кој го спомнуваат турски медиуми: Пекинг Гуоан тешко дека ќе сака да се откаже толку брзо од Адеми, со кого имаат договор до 2025 година и кратењето на буџетот што го најавија во Трабзонспор. Адеми е големата желба на Бјелица, па останува да се види дали раководството ќе најде начин како да го задоволи својот тренер.