Бјелица по пауза од 13 години повторно ќе го облече црвено-белиот дрес

Српскиот кошаркар Немања Бјелица од денеска е нов играч на Црвена ѕвезда, објави тимот преку социјалните мрежи. Бјелица првпат црвено-белиот дрес го облече во 2008 година и остана две сезони во Белград, по што започна богата интернационална кариера.

Прво три сезони играше за Басконија, па потоа се пресели во Фенербахче, каде што ја играше најдобрата кошарка во кариерата, а во сезоната 2014-15 беше прогласен за МВП на Евролигата.

Потоа Бјелица замина во НБА-лигата, каде што играше за Минесота тимбервулфс, Сакраменто кингс, Мајами хит и Голден стејт вориорс, со кого во 2022 година ја освои шампионската титула. Минатата сезона ја помина во Фенербахче, но имаше големи проблеми со повредите, по што летово следуваше раскин на договорот.

- Оглас -

Најнови вести