Бјелица засега куртули од отказ, но доби суспензија од Унион Берлин

Ненад Бјелица е суспендиран на три натпревари од својот клуб Унион Берлин. По синоќешниот инцидент на Бјелица со Лерој Сане, се шпекулираше дека Хрватот може да добие отказ, но засега тој останува тренер на Унион.

Освен суспензијата, Бјелица за неспортското однесување е казнет и парично со 25.000 евра. По инцидентот, Бјелица рече дека нема да му се извини на Сане, кој го провоцирал и го турнал во негов простор, туку само на неговиот клуб и играчите.

https://twitter.com/i/status/1750417866409570590

 

- Оглас -

Најнови вести