Бјелса даде „луд“ одговор на прашањето кое е најголемо дерби на светот

На виртуелната прес-конференција која ја одржа денеска во пресрет на гостувањето на Лидс кај Шефилд јунајтед, тренерот Марсело Бјелса, кој е познат по прекарот Лудак, изјави дека од сите дербија на светот кои ги видел, анализирал или бил на нив како тренер, најинтензивна важност на мечот почувствувал кога играле аргентинските тимови Њуелс олд бојс и Росарио централ.

„Од сите дербија, најголема важност на мечот сум видел кога играат Њуелс и Росарио централ. Сите мечеви имаат зачини кои ги прават атрактивни. Така е и во Премиерлигата, така ќе биде и во случајот со Шефилд, мечот е дерби, и добар ќе биде за да се споредиме со нив, да видиме до каде сме“ – изјави Бјелса кој додаде дека фудбалот не е ист без публика, но во споредба со здравјето на луѓето, фудбалот не е толку важен и сепак е во втор план.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести