Бјелса повторно пазари во Шпанија, од трансферот ќе профитира и Реал

Диего Љоренте наскоро треба да биде промовиран во нов играч на Лидс јунајтед откако новиот премиерлигаш се договори со Реал Сосиедад на трансфер вреден 25 милиони евра. Љоренте ќе биде втората аквизиција на Лидс која ова лето доаѓа од Ла Лига, откако претходно тимот од „Еланд роуд“ урна клупски рекорд за трансферот на напаѓачот Родриго од Валенсија.

Сосиедад го потврди заминувањето на Љоренте, а од овој трансфер ќе профитира и Реал Мадрид. Шпанскиот дефанзивец потекнува од школата на Кралевите кои при продажбата на Љоренте во Сосиедад во 2017 година, вметнаа клаузула во договорот да добијат 20% од сумата при иден трансфер.

Инаку, Лидс успеа да го добие потписот на Љоренте за половина од износот на неговата откупна клаузула.

- Оглас -

Најнови вести