Менаџерот на Лидс, Марсело Бјелса, денеска имаше прес-конференција во пресрет на дуелот против Вест хем, што се игра в петок. Иако има уште два дена до натпреварот од Премиер лигата, Бјелса реши да го открие почетниот состав со којшто ќе настапи против Вест хем.
Аргентинскиот стратег порача дека нема што да крие и дека без проблем ќе го издиктира стартниот тим со кој Лидс ќе игра на следниот дуел во англиското првенство. Веќе стандардно, место меѓу стартерите има за македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.
Reporter: Are you going to keep West Ham guessing?
Marcelo: No, here's my Starting XI… pic.twitter.com/xoCGD4JvyU
— Leeds United (@LUFC) December 9, 2020