28.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Бјорн Борг: Новак Ѓоковиќ е најголемиот тенисер на сите времиња

Легендарниот Швеѓанец Бјорн Борг без двоумење го оцени Новак Ѓоковиќ како најголемиот тенисер во историјата.


„По начинот на кој игра, Новак е најголемиот што некогаш го видел овој спорт. Роџер Федерер и Рафаел Надал го делат второто место“, изјави Борг за „Скај спортс“.

Ѓоковиќ, кој на 38 години продолжува да доминира, поседува 24 титули од гранслем-турнирите, најмногу недели на врвот на АТП-листата и е единствен со над 400 недели на првото место.

Борг е воодушевен од неговата упорност и верува дека може да стигне и до 25-тата титула, иако конкуренцијата е жестока, со Алкарас, Синер и други.

- Оглас -

Најнови вести