Благодарение на Кешаут си заработи 200.000 денари, неверојатното промашување на Палмер го „сруши сонот“ за милион (Фото)

Неверојатен тикет беше уплатен во саботата во Кисела Вода, на којшто имаше дури 27 натпревари. Интересно е дека беа погодени дури 24 меча и останаа уште три, но обложувачот реши дека е доволно и веќе не сака да ризикува.

Пред да се одигра мечот меѓу Челзи и Лидс, обложувачот се одлучил да побара Кешаут, односно да му биде исплатен тикетот без да се одиграат последните три средби и воопшто не згреши.

На тикетот кој беше уплатен само со 100 денари, обложувачот си заработи повеќе од бруто-добивка од 206.201 денари.

Интересно е дека токму на мечот меѓу Челзи и Лидс беше „мината“, затоа што Челзи иако водеше со 2:0, на крајот средбата заврши 2:2. За да не му биде криво на обложувачот што побара Кешаут се погрижи и Кол Палмер.

Голгетерот на Челзи го имаше едно од најневеројатните промашувања, кога во 90+5 минута успеа да промаши празен гол само од два метра и таа ситуација може да ја видите ТУКА. 

На овој неверојатен тикет вкупниот коефициент изнесуваше 10.938, а вкупната можна добивка беше над еден милион денари, односно точно 1.093.885 денари. На крајот, одлична се покажа одлуката за Кешаут и супер добивка на овој одличен тикет.

- Оглас -

Најнови вести