Благодарение на Шекил О’Нил се спасил од банкрот, а сега повторно е милионер

Џон Сејли е еден од легендарните кошаркари во НБА-лигата. Заедно со Леброн Џејмс, Дени Грин и Роберт Хори, Сејли е во групата од само четворица играчи кои во историјата на НБА-лигата успеале да освојат титули со три различни клубови. Сејли двапати беше шампион со Бостон, а по еднаш со Чикаго и Лејкерс, а по завршувањето на кариерата, доживеа банкрот.

Во моментите кога му било најтешко, Сејли му се јавил на Шекил О’Нил и од него побарал пари.

„Кога ми беа потребни пари, му се јавив на Шекил, а тој само ми рече: ‘Колку пари ти требаат?’. Му реков дека потребни ми се 70.000 долари. Потоа сакав да му ги вратам, но тој едноставно ми рече дека сè е во ред.“, открива Сејли.

Четирикратниот НБА-првак направил одлично вложување со добиените пари од О’Нил. Инвестирал во бизнис со канабис и сега тој повторно е милионер. Неговата компанија се проценува на околу 15 милиони долари и работи одлично.

- Оглас -

Најнови вести