Бламажа на ПСЖ: Ниту два гола на Мбапе не се доволни да се освои барем бод! (Видео)

Продолжуваат променливите игри на ПСЖ оваа сезона во француската Лига 1. “Светците“ вечерва се шокирани на домашен терен од екипата на Ница која од “Паркот на принцовите“ си заминува со победа од 2-3.

Екипата на Ница во 21-вата минута дојде во водство преку Мофи, но Килијан Мбапе во 29-тата минута го израмни резултатот на 1-1.

На почетокот на второто полувреме нов шок за ПСЖ. Лаборд во 53-тата минута го носи Ница во водство од 1-2, а во 69-тата минута веќе е 1-3 за гостите со вториот погодок на Мофи.

Конечните 2-3 ги постави Мбапе во 87-мата минута, но тоа беше сѐ што направија домашните на овој меч и не успеаја со фуриозен финиш да освојат барем бод.

ПСЖ со овој пораз останува на само 8 бодови од можни 12.

- Оглас -

Најнови вести