Бланко „виновник“ за бледото издание на Атлетико

Атлетико Мадрид и Селта ремизираа без голови во дуелот од петтото коло на Ла Лига. Ова е прво реми за избраниците на Диего Симеоне во шпанскиот шампионат за оваа сезона, а веќе втор натпревар во низа губат бодови по поразот од Реал Сосиедад.

Голманот на гостите, Рубен Бланко, е најзаслужен за бодот кој го освои Селта. Неговите неколку фантастични одбрани спречија славје на „Ванда Метрополитано“, иако заканите доаѓаа од сите страни.

Атлетико по ова коло има 10 бода и засега се втори на табелата, додека Селта со четири бода стои на 16-тото место.

- Оглас -

Најнови вести