15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Блазе си им на Азијците, ќе си гледаат Ел Класико во ударен термин

Шпанската лига објави дека првоо Ел Класико сезонава ќе се игра во сабота, 26-ти октомври, со почеток во 13 часот. Ова е лоша вест за клубовите и фановите од Европа, но одлична за навивачите во Азија, во прв ред за Јапонците и Кинезите.

Ова нема да биде прва пресметка помеѓу Барселона и Реал во овој термин. Двата лути ривали ги одмерија силите во 13 часот и пред две години, но тогаш мечот се играше на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, а сега првпат Реал ќе гостува на „Камп ноу“ во овој чуден и непопуларен термин.

Според резултатите на двата тима кога играле од 13 часот, ваков термин повеќе им одговара на Каталонците, или подобро кажано, воопшто не му одговара на Реал, кој најчесто не прави добри резултати кога игра толку рано.

- Оглас -

Најнови вести