20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Блекбурн ќе го добие дербито на некогашните премиерлигаши

1101 Блекбурн – Мидлсборо (Чемпионшип Англија, 20:45 часот)

Овие две екипи своевремено котираа високо во Англија, додека, како што е добро познато, кон крајот на минатиот век домаќините беа и прваци на најсилната лига на Островот.

Во оваа сезона тие се во втората по квалитет англиска лига и водат битка за враќање во елитата.

Блекбурн го дели второто место со Борнмут со по 49 бодови, додека Мидлсборо е под број седум, но и се наоѓа во одлична форма со четири едноподруго победи.

Сепак, и Блекбурн пред своите навивачи игра одлично и на последните шест средби има дури пет победи и само едно реми.

Предлог тип: 1 (2.65)

 

5720 Камерун – Коморос (АФКОН, 20:00 часот)

Овие две селекции се среќаваат во осминафиналето на Африканскиот куп на нациите, а организаторот на турнирот е огромен фаворит.

Коморос со самиот пласман во елиминациите направи големо изненадување, но според последните информации коишто доаѓаат од натпреварувањето, оваа селекцијија се соочува со голем број заразени фудбалери, па на голот се очекува да застане дури третиот голман, ако и тој на последните тестирања остане негативен.

Од друга страна, Камерун ќе ги има сите играчи на располагање, а тоа значи дека ќе видиме и голем број голови.

Предлог тип: 1+I и 2+II (1.81)

 

1640 ФК Ос – Јонг АЗ Алкмар (Ерсте дивизије Холандија, 20:00 часот)

Натпреварите од холандската втора лига редовно ни носат голем број возбудувања и погодоци, па така се очекува да биде и на оваа средба.

И двете екипи се во слаба форма, па затоа не би ризикувале да типуваме на победа  на некоја од нив. Домаќинот е на 17-тото место, додека гостинот е под број 14, а интересно е што на последните пет средби ниту една од екипите нема остварено победа, па затоа одима на сигурна варијанта на голови.

Предлог тип: 3+ (1.74)

 

1586 АЕК Ларнака – Анортозис (Дивизија 1 Кипар, 18:00 часот)

Иако натпреварите од Кипар ретко ни носат голем број погодоци, ако се погледне меѓусебната историја на овие две екипи, тогаш може да се заклучи дека тие се исклучок.

На последните три средби има осум погодци, што е малку помалку во просек од три по натпревар.

Затоа не може со сигурност да кажеме дека ќе бидиме три гола, но квотата за да видиме од еден до три погодоци во двете полувремиња е одлична и вреди да се одигра.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.93)

 

1718 Каен – Ажаксио (Лига 2 Франција, 20.45)

Каен игра далеку под очекувањата и примарна цел сезонава ќе му биде опстанокот бидејќи во моментов има 22 бода и е на делба на 18-тото место, кое носи плејаут за понизок ранк.

Ажаксио, пак, е во далеку подобра позиција и во моментов се бори за враќање во елитата на Франција.

Интересно е што кога Каен е домаќин, барем на последните пет средби гледаме максимум по еден гол, а за очекување е и вечерва дека ќе биде голема борба на теренот, со мал број голови.

Предлог тип: 0-1 гол (2.40)

- Оглас -

Најнови вести