23.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Блеска Барса – Нокаутиран вечниот ривал за шесто финале по ред во Копа дел Реј

Луис Суарес беше екстра расположен за голови, постигна два со една прекрасна „паненка“ од пенал, а Барселона слави голема победа против вечниот ривал Реал Мадрид од 3-0.

На „Сантијаго Бернабеу“ гостите го декласираа големиот ривал и се пласираа во шестото финале по ред во Копа дел Реј, а ја чекаат новата петта по ред титула.

Реал Мадрид ги пропушти своите шанси во првото полувреме, а казната стигна во 50-тата минута. Ја испорача одличниот Уругваец Луис Суарес за предност на гостите од 1-0.

Потоа набрзина гостите постигнаа уште два гола, поточно Варан сам си ја затресе мрежата во 69-тата минута, а Суарес со „паненка“ од пенал го докусури вечниот ривал.

Првиот меч заврши нерешено 1-1, па Барселона со вкупен резултат од 4-1 се пласира во шестото финале едноподруго и ја чека петтата титула во низа во Купот.

 

- Оглас -

Најнови вести