Столе Димитриевски продолжува со своите блескави настапи во дресот на Рајо Ваљекано.
Репрезентативниот голман е во одлична форма, и на вчерашниот меч против големиот Реал Мадрид, во кој беше поразен со својот тим со 2:1 беше најдобро оценет играч од својот тим.
Според познатиот спортски медиу, Еуроспорт, Столе доби осмица, од можна десетка, а иста ваква оцена добија и најдобрите играчи и на Реал Мадрид, Винисиус јуниор, Карим Бензема и Давид Алаба, со што нашиот репрезентативец практично го подели признанието со овие три светски ѕвезди.
Да се надеваме дека Димитриевски ќе продолжи со одличните настапи и во дресот на нашата репрезентација за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство во Катар.
Овде можете да го видите целосниот линк од рејтинзите на играчите.