Блескава игра на Ѓоковиќ во Дубаи, обезбедено лидерското место на АТП

Новак Ѓоковиќ ќе остане на лидерското место на АТП листата и следната недела, откако Србинот се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Дубаи. Ѓоковиќ одигра речиси безгрешен меч и со 6:2, 6:2, го победи Карен Хачанов од Русија.

По овој триумф, популарниот Ноле дури и да испадне во полуфиналето на турнирот во Дубаи, на Рафаел Надал нема да му вреди прво место дури и ако го освои турнирот во Акапулко.

Во двата сета Ѓоковиќ играше во ист ритам. Поведуваше со 3:1 во гемови и беше јасно дека нема да дозволи кикс до крајот на сетовите. На крајот, Србинот имаше 19 винери и само 11 неизнудени грешки. Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Гаел Монфилс и Ришар Гаске.

 

- Оглас -

Најнови вести