Блесна играјќи покрај Пандев а сега повторно ќе бидат соиграчи во Џенова

fКриштоф Пјонтек своите најблескави моменти во кариерата ги имаше во дресот на Џенова играјќи токму со Горан Пандев.

Полјакот, од тогаш никако да ја пронајде формата од тој клуб, а според последните информации тој е пред враќање во редовите на Калчолигашот.

Пјонтек има 26 години и е член на Херта Берлин а во Џенова ќе дојде на позајмица со цел да ја врати формата која што го красеше во овој тим.

Пандев и Пјонтек беа навистина одличен тандем, а само Полјакот на 19 даде 13 гола во сезоната 2018-19, по што направи трансфер во Милан вреден 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести