Блесна македонскиот дијамант во шампионатот на европските прваци – Елмас е во идеалниот тим на првото коло во Серија А (Фото)

Елиф Елмас блескаше во дресот на Наполи на премиерата во новата сезона и со убав гол му помогна на тимот да победи со 2:0, со што заслужи и место во иделаниот тим на Серија А.

Елиф влезе во игра во 35-тата минута, откако Наполи остана со играч помалку поради исклучувањето на Осимен, и успеа да погоди во 73-тата минута за печат на победата на наполитанците.

Македонскиот репрезентативец е единствениот играч на Наполи во идеалниот тим на колото во Серија А и ова му е прво вакво признание.

https://twitter.com/WhoScored/status/1430082686664724490?s=20

Во идното коло, на гостувањето против Џенова веројатно ќе биде во стартниот состав против својот идол Горан Пандев бидејќи Зјелински е повреден.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести