Некогашното фудбалско чудо и голем талент Мартин Одегард блеска во Реал Сосиедад, а дека се враќа на големата сцена и дека може да го потврди раскошниот талент, се виде со акцијата за водечкиот гол против Алавес.
Норвежанецот кој беше најмладиот играч што настапил на европски меч, а беше и член на Реал Мадрид со прекрасен дриблинг се ослободи од играч на Алавес и потоа упати прекрасен пас до Ојарзабал, па на шпанскиот репрезентативец му остана само рутината да ја затресе мрежата на Пачеко.
https://www.youtube.com/watch?v=FEgb1n2RZpQ
Одегард сè уште е млад, има само 20 години и почна да го потврдува талентот по кој го најавуваа како еден од најперспективните играчи на планетата.