Блесна против Јунајтед: Голманот на Копенхаген прогласен за МВП во четвртфиналето од ЛЕ

Карл-Јохан Јонсон ја доби наградата за најдобар играч во четвртфиналната фаза од Лигата на Европа, по фантастичното издание во дуелот против Манчестер јунајтед.

Шведскиот чувар на мрежата беше несовладлив сè до пеналот за Црвените ѓаволи во продолженијата кој им донесе пласман во топ-4 фазата. Јонсон во 120 минути оствари вкупно 14 интервенции и во неколку наврати спаси чист подогок, односно имаше седум одбрани од удари упатени внатре од шеснаесетникот.

- Оглас -

Најнови вести