Блесна против Рома и се предомисли: Кавани останува во Јунајтед

Единсон Кавани вчера беше еден од креаторите на големата победа од 6-2 на Манчестер јунајтед во првото полуфинале против Рома во Лигата на Европа. Сo два погодoци и две асистенции Кавани практично му го отвори патот на Јунајтед до финалето во Гдањск, па сега стои на вкупен учинок од 12 гола и 5 асистенции во 33 настапи.

Иако неговата иднина беше неизвесна до вчера, се чини дека Уругваецот се предомисли и ќе го продолжи договорот со Црвените ѓаволи, односно ќе ја активира клаузулата од актуелниот договор да остане уште една сезона на „Олд трафорд“. На ваква разврска не се надеваше Бока јуниорс, која му понуди на Кавани преселба во Аргентина, но 34-годишниот голгетер има уште што да понуди на најтрофејниот англиски клуб.

Навивачите на Манчестер јунајтед може да бидат задоволни што Кавани ќе остане, додека управата е на прагот да избори уште една „победа“, односно да го задржи и Пол Погба, на кого му се предвидуваше преселба во текот на претстојниот летен преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести