Црвена ѕвезда конечно успеа да го победи Олимпијакос во Атина во меч од Евролигата и во петтиот обид славеше со 76:72.
Црвено-белите од Белград постојано беа во предност и конечно се радуваат на победа против тимот што ги има истите обележја во црвено-бела боја.
Гостите беа подобри во првата и третата четвртина, останатите две завршија нерешено, па бодовите заминаа за Белград.
Претходно Црвена ѕвезда во четири обиди секогаш губеше на гостувањата кај Олимпијакос во натпревари од Евролигата.
За утеха на Олимпијакос, Везенков беше најефикасен на мечот со 20 поени, а имаше и најмногу скокови, 8.
Во победничката екипа прв стрелец беше Добриќ со 14 поени.