29.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Блесна во дебито за Ливерпул, но се чуди колку е пеколно темпото во Премиер лигата

Уго Екитике е играчот кој ова лето беше доведен во Ливерпул со цел да ја засили конкуренцијата во нападот. Уште во првиот меч во Премиер лигата, Екитике покажа дека неговата инвестиција треба да биде исплатлива за Ливерпул. Младиот Французин постигна еден гол, а имаше и асистенција во победата од 4:2 против Борнмут.

Младиот 22-годишен напаѓач по мечот објасни дека најголем впечаток му оставило темпото со кое се игра во Премиер лигата. Екитике има играно за ПСЖ во Франција и Ајнтрахт Франкфурт во Германија, но вели дека тоа што го доживеал на дебито во Премиер лигата е нешто неочекувано.

„Не лажат кога ќе речат за Премиер лигата. Темпото на игра е поинакво. Интензитетот е многу посилен. Добив грчеви само по еден час игра“, вели Екитике.

За Екитике се очекува да биде иднината на францускиот фудбал и наскоро може да се очекува и да дебитира во репрезентативниот дрес. Има пет настапи за У21 селекцијата на Франција и постигнал пет гола.

- Оглас -

Најнови вести