Блеснаа рефлекторите на реновираниот стадион во Битола (Фото)

Осветлувањето на стадионот „Петар Милошевски” е реалност, пуштено е во употреба рефлекторското осветлување на фудбалската гордост во Битола.

На бетонски столбови високи речиси 50 метри поставени се повеќе од 250 големи светилки кои го осветлуваат теренот и трибините на стадионот, а во последната фаза се работи уште на калибрирањето на светилките.

„Обврските кои Фудбалската федерација на Македонија ги презеде за реконструкција на стадионот во Битола, целосно се завршени. Од поставувањето на тревна подлога со дренажен систем и систем за наводнување на тревникот, до модерно и по стандарди на УЕФА рефлекторско осветлување. Средствата ги обезбеди ФФМ преку “Хет-трик” програмите на УЕФА. Со изградбата на новата трибина и со проектите кои ги реализиравме, Битола доби репрезентативен стадион, но исто така важно е дека покажавме дека заедно со локалната самоуправа можеме многу да си помогнеме за развој на фудбалот и инфраструктурата во еден од нашите најголеми фудбалски центри. Пелистер се врати во Првата лига и од есен ќе гледаме натпревари под рефлектори во Битола“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести