26.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Блесок на децата од Форца: Шампиони во конкуренција на Бешикташ, Андерлехт…

Во изминативе три дена се одигра најмасовниот и најатративен фудбалски детски турнир во Македонија, Илинден куп 2025. Повеќе од 200 екипи од повеќе европски земји, како и најдобрите македонски екипи беа дел од овој турнир.

Нашите младите надежи имаа можност да ја одмерат силата со екипи како што се Црвена ѕвезда, Партизан, Бриж, Андерлехт, Динамо Загреб, Фенербахче, Бешикташ, како и екипи од Бугарија, Романија…

Дека и Македонија има свои големи надежи се потврди и со фактот дека две македонски екипи успеаја да бидат најдобри во своите категории. Екипата на фудбалската школа Форца во генерацијата 2015 на доминантен начин стигна до трофејот и златните медали за 10-годишните деца.

Осум победи во осум меча имаше Форца во оваа категорија. Во групната фаза беа победени Работнички (2:0), Национал (Бугарија) 2:1, Македонија ЃП 4:0 и Кожуф 4:0. Во осминафиналето Форца беше подобра од бугарскиот тим Арда со 3:0, а потоа во четвртфиналето славеа и над турскиот гигант Бешикташ со 2:1. Во полуфиналето, Форца со 1:0 беше подобра од романскиот АЦС Кидс Тампа, за да во големото финале со 2:1 слават над бугарскиот тим Национал, кој беше лански победник на Илинден куп. Национал во полуфиналето беше подобар од врсниците на белгиски Андерлехт.

Од македонските екипи, шампионски трофеј освоија и децата од Еуроспорт Куманово во генерацијата 2017.

 

- Оглас -

Најнови вести