Лос Анџелес лејкерс го доби градското дерби против Клиперс со 125:122, а главен на теренот беше Лука Дончиќ. Првата ѕвезда на Лејкерси беше расположен за игра и постигнување кошеви, па на крајот заврши како прв стрелец со 38 поени. Посебно прецизен беше Дончиќ од позицијата за три поени погодувајќи осум од 14 шутеви.
Градската пресметка го оправда епитетот на дерби, па на пет минути пред крајот резултатот беше 109:109. Клиперс беше во напад, но Лука ја украде топката, а потоа во контра напад Словенецот постигна тројка и не дозволи противникот да поведе.
На една и пол минута до крајот кога Лејкерс водеше со 118:115, Дончиќ погоди од рекетот и тоа под фаул, а потоа беше прецизен и од слободното фрлање, по што беше потврден триумфот на домашниот тим. Освен 38-те поени, Дончиќ беше и прв асистент на мечот со 11 додавања, а имаше и шест скокови и три украдени топки.
Најубедливата победа и тоа на гостински терен ја забележа Денвер кој славеше со 157:103 кај Портланд. Никола Јокиќ со 32 поени, девет скока и седум асистенции за само 29 минути поминати на теренот, беше најдобар.
Резултати: Шарлот – Кливленд 113:118, Мемфис – Јута 123:114, Вашингтон – Индијана 131:118, Атланта – Мајами 97:128, Минесота – Далас 122:111, Њу Орлеанс – Милвоки 118:139, Оклахома – Бруклин 105:86, ЛА лејкерс – ЛА клиперс 125:122, Портланд – Денвер 103:157.

