-1.2 C
Skopje
понеделник, 2 март 2026

Блесок на Меси: се израмни со легендарниот Пеле, сега е на чекор до 900 погодоци (Видео)

Интер Мајами со голем пресврт успеа да победи на гостувањето кај Орландо со 4:2 во меч од второто коло на МЛС-шампионатот. Лошо започна средбата за Интер затоа што Орландо само по 25 минути имаше предност од 2:0, што беше резултат и по првото полувреме.

Сепак, во вториот дел Интер Мајами, предводен од Лионел Меси, направи целосен пресврт. Силвети намали на 1:2, а потоа Меси со шут од околу 20 метри израмни на 2:2 во 57-мата минута. Ова е прв гол за Меси во 2026 година и сега Аргентинецот може да се пофали дека 22 години по ред постигнува најмалку еден погодок во профи фудбалот.

По израмнувањето, Интер продолжи да напаѓа и тоа резултираше со два нови погодоци. Најпрво Сеговија погоди за 3:2 во 85-тата минута, а Меси стави точка на средбата со уште еден убав погодок од слободен удар.

За Меси ова беше 70-ти гол од слободен удар во кариерата, со што се израмни со легендарниот Пеле. Пред Меси сега е само Бразилецот Жунињо, кој има постигнато 77 погодоци директно од слободен удар.

Меси сега има постигнато вкупно 898 гола во кариерата, што значи дека му недостасуваат само уште два за да стигне до јубилејниот 900-ти погодок.

- Оглас -

Најнови вести