Блесок на Миовски против првакот Ференцварош, МТК уште е со шанси за опстанок

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски, со гол и асистенција, беше творец на триумфот на МТК Будимпешта од 3-0 на гостувањето кај првакот Ференцварош.

На едно коло до крајот, МТК има два бода помалку од Хонвед, и со победа над Дебрецин, ќе чека кикс на Хонвед за спас и опстанок во унгарската елита.

Миовски влезе во игра во 58-ма минута, а само две минути подоцна гостите поведоа преку Футач. На 2-0 Миовски во 84. минута, додека конечните 3-0 ги постави Футач по асистенција на Миовски.

Вториот Македонец во МТК, Стефан Спировски, кој е некогашен играч на Ференцварош, доби шанса во 71 минута.

- Оглас -

Најнови вести