Црвена ѕвезда во Белград беше подобра од Валенсија со 82-64 и со победата ги задржа реалните шанси за пробив до местата кои водат во плејофот во Евролигата.
Ѕвезда е на две победи минус зад десеттиот на табелата, а сезонава десеттиот игра против седмиот разигрување за место во четвртфиналето, додека првите шест директно одат во четвртфинале.
Најдобар поединец на средбата беше Немања Недовиќ, кој против својот некогашен клуб постигна 27 поени и погоди шест тројки од седум обиди.
Драма имаше во Минхен, каде што Баерн и Басконија играа продолжение, а победија Баварците со 112-109. Американецот со македонски пасош, Џордан Теодор, кој е играч на шпанскиот клуб, имаше 10 поени за 19 минути на паркетот.
Фенербахче со добро одиграна трета четвртина си го отвори патот до победата над Асвел Вилербан од 83-73, а Олимпијакос беше подобар од Алба со 101-87.