18.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Блесок на Пулишиќ, Милан убедливо победи кај Удинезе (Видео)

Полесно од очекувањата Милан победи на гости кај Удинезе со 3:0 во меч од четвртото коло во Серија А. За Росонерите ова е трета победа, а предводник на гостите беше Кристијан Пулишиќ.

Американскиот репрезентативец постигна два гола, а имаше и асистенција што е доволно да биде играч на натпреварот. Првиот погодок Пулишиќ го постигна до 40 минута и може да го видите ТУКА.

Само што започна вториот дел, Фофана погоди за 2:0 и тоа по асистенција на Пулишиќ. Веќе во 53 минута беше 3:0 за Росонерите, а овојпат Рабио асистираше за Пулишиќ повторно да ја затресе мрежата на домаќините.

За Удинезе ова беше прв пораз сезонава и тимот остана со седум бодови, што е доволно за шестото место на табелата во овој момент.

- Оглас -

Најнови вести