Блесок на Црвена ѕвезда за победа на гости кај Лил, Штутгарт го прегази Селтик (Видео)

Српскиот првак Црвена ѕвезда забележа многу вредна победа на гостувањето кај Лил во првиот меч од нокаут-фазата за пласман во осминафиналето во Лигата на Европа. Српскиот тим не само што победи, туку на крајот Црвено-белите може да жалат што триумфот не е изразен со повисока предност.

Едноставно, Црвена ѕвезда доминираше на теренот кај Лил. Гостите од Белград создадоа многу шанси, но искористија само една, а тоа беше во финишот од првото полувреме. По еден изведен корнер, Тебо Учена најдобро се снајде во противничкиот петерец и ја внесе топката во мрежата. На крајот, токму тој гол се покажа како доволен за прва победа на Црвена ѕвезда на француско тло.

Lille 0-1 Crvena zvezda – Franklin Tebo Uchenna 45+1′
by
u/4gjdtokurwa in
soccer

Во останатите мечеви од Лигата на Европа кои се играа од 21 часот, Штутгарт си ја заврши работата на гости кај Селтик и победи убедливо со 4:1, па на свој терен само рутински треба да го одработи пласманот во осминафиналето.

Лудогорец со 2:1 славеше над Ференцварош, а немаше победник на дуелот меѓу Панатинаикос и Викторија П’лзењ (2:2).

Во Конференциската лига,  покрај поразот на Шкендија од Самсунспор, Риека со 1:0 славеше на гости кај Омонија, а Фиорентина беше убедлива на теренот на Јагелонија и победи со 3:0. Во највозбудливата пресметка, Целје со 3:2 победи во Приштина против Дрита.

Што се однесува до мечевите кои се играа од 18:45 во Лигата на Европа и Конференциската лига, резултатите може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести