Блинд повторно ги уплаши Копјаниците: Наеднаш легна на тревата на сред натпревар

Фудбалерот на Ајакс, Дејли Блинд, изненадно легна на тревата за време на пријателскиот натпревар меѓу Ајакс и Херта Берлин, кој денес се играше на „Јохан Кројф арената“. Блинд ги уплаши присутните на стадионот кои го следеа мечот, околу 6.000 навивачи.

Медицинскиот тим на Ајакс веднаш втрча на теренот да интервенира, а по неколку минути, Блинд стана и го напушти теренот без проблем, јасно дека не можеше да го доигра мечот.

Според информациите на холандските медиуми, пејсмејкерот кој му е вграден на Блинд за момент откажал, но проблемот веќе е решен и како што изјави тренерот Ерик тен Хаг, ескфудбалерот на Манчестер јунајед е во добра состојба.

Инаку, Блинд во декември минатата година се сруши на теренот за време на мечот меѓу Ајакс и Валенсија во ЛШ поради срцеви проблеми, по што му следуваше двомесечна пауза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести