31.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Блиска пријателка на семејството ја откри најголемата тајна за Новак Ѓоковиќ

За малку светот немаше да го запознае најголемиот тенисер на сите времиња. Италијанската продуцентка и поранешна политичарка Габриела Карлучи сподели интимна приказна што ѝ ја доверила нејзината пријателка Дијана Ѓоковиќ, мајката на Новак Ѓоковиќ. Таа ѝ раскажала дека Новак бил зачнат пред нејзиниот брак со Срѓан Ѓоковиќ и дека во прв момент не била сигурна дали ќе ја задржи бременоста.

Сепак, кога му ја соопштила веста на Срѓан, нејзиниот иден сопруг, тој бил пресреќен и веднаш ја поддржал.

Карлучи, која долги години е блиска со семејството Ѓоковиќ, објави неколку заеднички фотографии со Дијана и ја пренесе нејзината емотивна исповед.

„Дијана ми ја раскажа неверојатната приказна: Ноле можело и да не се роди. Таа го запознала Срѓан за време на скијање на Копаоник, каде што тој работел како ски-инструктор. Меѓу нив веднаш се родила љубов, а неколку месеци подоцна Дијана останала бремена. Бидејќи отсекогаш била силна и независна жена, веднаш му кажала на Срѓан и му напомнала дека ќе ја прекине бременоста ако тој не сака дете. Но, Срѓан бил воодушевен, сакал дете и без двоумење ја прифатил одлуката да станат родители. Детето кое го добија денес е најголемиот тенисер во историјата“, објави Габриела Карлучи.

- Оглас -

Најнови вести