Еден, ама многу вреден гол за победа против Оман постигна Саудиска Арабија за многу важни бодови на патот кон Мундијалот во Катар.
Лошата реакција на голманот на Оман, Фаиз Ал-Рушаиди, во 48-мата минута умешно ја искористи напаѓачот на Саудиска Арабија, Ферас ал Брикан за победнички гол на домаќините.
Лошата интервенција на Ал-Рушаиди и погодокот на Ал Брикан за победа од 1:0 на Саудиска Арабија можете да го погледнете ОВДЕ.
На три кола до крајот на квалификациите во азиската зона, Саудиска Арабија е прва со 19 бода, пред Јапонија со 15 и Австралија со 14.
Овие три репрезентации останаа во битката за пласман на Светското првенство, а останатите три селекции, Оман, Кина и Виетнам се веќе елиминирани.
Двете првопласирани селекции ќе се пласираат директно на Мундијалот во Катар што ќе се игра годинава во ноември и декември, а третопласираната селекција ќе игра дополнителен бараж за учество на СП.