Блиц-криг на Челзи, за пет минути направи пресврт (Видео)

Со голови на Енцо Фернандез кој ја носи капитенската лента, и Николас Џексон, Челзи за пет минути даде два гола со кои направи пресврт и води со 2-1 во финалето на Конференциската лига против Бетис.

Така Челзи сега може да се пофали дека на сите мечеви сезонава во Конференциската лига дал барем по еден гол.

Кол Палмер беше асистент при двата гола кои беа постигнати со глава, а особено мајсторски беше центаршутот при првиот погодок.

- Оглас -

Најнови вести